СДСМ: Прашањето е дали Мицкоски размислува за оставка

е дали Мицкоски веќе размислува за оставка, реагира владејачкиот СДСМ, отако претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски побара од премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, обвинувајќи го дека вината за своите неуспеси ја префрла врз меѓународните партнери.

„Прашањето е дали Христијан Хидро Мицкоски размислува за оставка? Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ загуби на претседателските избори, загуби и на локалните избори во Охрид и Ново Село“, наведе СДСМ во реакцијата.

Во продолжение, од владејачката партија коментираат дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на реформите е најпозитивен досега а земјава се посочува како „светол пример“ во регионот.

 

Треба да знаете
Последни објави