Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари Иако сезоната за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо.
Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?
Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно. Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците.
Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада“, кажа Трипуноски пред зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.



