Вучиќ: Избори во Србија во март или април следната година

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарни, покраински и локални избори ќе се одржат следната година во март или април.

Гостувајќи на ТВ Прва, Вучиќ истакна дека изборите ќе бидат редовни.

Запрашан дали за време на изборите ќе се одржи референдум, претседателот одговори дека ако има што да им понуди на граѓаните, тој со задоволство ќе го стори тоа, но, додаде тој, не е така.

Треба да знаете
Последни објави