Кичевецот од Туин, Шеќерим Ахмети, познат како „Ел Чека“ се јави од нов профил на „Фејсбук“, но без „бомби“. Тој реагираше на репортажата на телевизија „21“ во која жителите на Туин велат дека неговото семејство се иселило во Албанија. Ел Чека во постот ѝ порачува на бабичката од телевизискиот прилог „да не жали за оставената кужа, оти брзо е се врател“.
https://www.facebook.com/akech.le/posts/105387524060112
https://www.facebook.com/akech.le/posts/105504360715095
-Држи се бабо, наскоро ќе се вратам, не грижи се за таа куќа. Крвта на мачениците „Командант Куштрими“-Харун Алиу, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Куршум за предавниците, напиша Ел Чека.
Тој во друг пост ги прашува Али Ахмети и Муса Џафери дали не би било подобро да се смеат на „комитите“ на Вардар, отколку што им се потсмеваат на Албанците, но и на гордоста на Тетово и „балистите“.



