Крис Хемсворт се повлекува од актерството на подолго време

Крис Хемсворт (35) одлучи да се повлече од актерскиот свет на подолго време, со што ги изненади обожавателите во светот.

Причината за повлекување е неговата желба да се посвети повеќе на неговата сопруга, актерката Елса Патаки (42) и децата.

„Оваа година веројатно нема да снимам ништо. Едноставно, сакам да бидам дома со децата. Сега се наоѓаат во многу важна возраст. Тие сè уште се мали, но свесни се повеќе отколку порано дека ме нема”, рече актерот и откри дека планира да поминува повеќе време во Бајрон Беј, каде што живее во луксузна вила вредна 7,2 милиони долари во изминатите пет години.

Треба да знаете
Последни објави