Над еден милион луѓе во светот секој ден се заразуваат со сексуално преносливи болести, а најмногу загрижува стапката на заразени со кламидија, гонореја, трихономијаза и сифилис, објави Светската здравствена организаицја.
Поголем дел од инфекциите се излечиви и можат лесно да се спречат, но одделни болести, особено гонорејата, развиле посебно отпорни облици, кои се потешко се лечат со антибиотици, се наведува во извештајот на СЗО.
„Сексуално преносливите болести се насекаде. Многу повеќе се од вообичаено што мислиме дека ги има“ рекла Теодора Ви, од одделот за репродуктивно здравје на СЗО.
Извештајот, втемелен на последните достапни глобални податоци од 2016 година, покажува дека меѓу мажите и жените на возраст од 15 до 49 години, се појавиле 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони на гонореја, 6,3 милиони на сифилис и 156 милиони случаи на трихомонијаза.
Сексуално преносливите болести се постојана ендемска здравствена закана во повеќе делови во светот и значајно влијаат на здравјето на луѓе, наведува СЗО.



