Индиско племе протерало две жени од селото поради вештерство

Три лица во едно село во индиската држава Раџастан биле притворени од полицијата за малтретирање две жени од племето обвинувајќи ги за вештерство. Инцидентот се случил во селото Сваропганџ, пренесува „Спутник“.

Се дознава дека жените, кои се јатрви, биле принудеи да го напуштат своето село бидејќи некои од нивните соседи ги обвиниле за практикување црна магија. Селаните дури наводно му се заканиле на синот на една од жените со сериозни последици ако тие останат во селото.

Според полицијата, жените биле малтретирани во последните неколку месеци.

Исто така, се тврди дека полицијата била известена за ситуацијата претходно, но не сторила ништо за да го спречи малтретирањето на жените.

Практиката на обвинување жени дека се вештерки е распространета во државата и многубројни случаи се пријавуваат секоја година.

Државната влада во Раџастан ги усвои Законот за жените во Раџастан (превенција и заштита од злосторства) во 2006 година и Законот за спречување на ловот на вештерки во Раџастан од 2015 година, што го прави незаконско и казниво обвинувањето жени за вештерство.

Законот предвидува три години затвор и глоба од 71 долар за секој осуден.

Треба да знаете
Последни објави