Ново осветлување во трговскиот центар во Лисиче

Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување.

Oд Општина Аеродром велат дека старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.

„За новото осветлување се издвоени 2 милиона и 200 илјади денари од општинскиот буџет. Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да се грижи за подобрување на условите за живот на своите жители“, велат од општината.

Треба да знаете
Последни објави