Поради пожар затворен преминот Ново Село-Златарево

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево.

Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.

Треба да знаете
Последни објави