Во Белград во близина на бегалскиот камп е најден убиен 17 годишен мигрант од Авганистан, осомничен за вчерашното убиство на друг мигрант, сите со потекло од Авганистан.
Полицијата се сомнева дека ова убиство е одмазда за вчерашното. Зад него најверојатно стои група Авганистанци, блиски до 21 годишникот, кој беше избоден со нож сред Белград.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 22 часот, а му претходела тепачка. Момчето било прободено 24 пати и починало на самото место.
Вчера во центарот на Белгрд беше исто така прободен со нож Авганистнец по тепачка меѓу мигрантите.