Хомофоби нападнале две девојки во Лондон

Група од четворица мажи нападнале и ограбиле две девојки во во лондонски автобус, соопшти денеска тамошната полиција.

Инцидентот се случил во Вест Хемпстед додека девојките седеле во горниот дел од автобусот. Според информациите на медиумите, мажите дознале дека девојките се двојка, по што побарале од нив да се бакнуваат.

Мажите потоа ги нападнале и ги удриле девојките, а при нападот им ги украле телефоните и ташните.

По нападот се огласи и премиерката во заминување, Тереза Меј, која рече дека тоа е одвратно и нејзините мисли се со двете девојки.

Треба да знаете
Последни објави