Утрешниот ден, 08.06.2019, сабота, кој согласно Владината одлука е прогласен за работен поради посетата на Папапта Франциск, Општина Кисела Вода ќе го посвети на екологијата и чистата животна средина, информираат од Општината.
„Вработените во општинската администрација, со почеток од 08:00 часот ќе го расчистуваат отпадот од јавните површини на територија на цела Општина Кисела Вода. Заради подобра организација, тие ќе бидат распоредени по месни и урбани заедници“, се вели во соопштението.