ВМРО-ДПМНЕ:Нема регион во државата каде што нема проблем со водата за наводнување

Нема регион во државата каде што нема проблем со водата за наводнување. Земјоделската сезона е речиси на половина, а проблеми еден  куп.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период укажува на проблемите со наводнување и неработата на власта. Вода до нивите нема. Земјоделците се молат да не фати суша па да го изгори тоа што го посеале.

Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата два месеци се оставени сами да се снаоѓаа со проблемите. Постои опасност дека земјоделските приноси ќе се преполоват, а власта мува не ја лази. Љупчо Николовски се шета низ Европа. Заев гази црвени теписи, а земјоделците не знаат кој крај попрво да го фатат.

Во Овчеполието нема вода, илјадници хектари луцерка се оставени без наводнување. Приносите можат петкратно да се намалат, а штетите по земјоделците да бидат непроценливи.

Во Тиквешијата над 200 километри каналска мрежа се неисчистени, а илјадници хектари лозови насади ќе останат ненаводнети.

Зоран Заев и Љупчо Николовски во 2016 година одеа низ селата и нивите и ветуваа дека земјоделското производство ќе се препороди, дека ќе има откуп и стабилни цени, а сега ништо од тоа не е случај. Најважната работа за земјоделското производство – водата, ја нема!

Почитувани,

Проблемот со наводнувањето не трпи на време, ако до сега се решеше овој проблем приносите ќе беа на задоволително ниво, доколку се задоцни со санација на проблемите штетите ќе бидат огромни, а земјоделското производство ќе биде неисплатливо.

За сите маки кои им ги нанесоа на земјоделците, за проблемите и за уништувањето на производството Зоран Заев и Љупчо Николовски мора да бидат изметени од власта.

 

 

Треба да знаете
Последни објави