Претседателот на Владата Зоран Заев, во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ рече дека тој останува оптимист дека земјата ќе го добие позитивниот сигнал од Европскиот Совет за почеток на преговорите летово и не посткува предвремени избори бидејќи, како што рече тие ги запираат економијата, реформите и процесите што се во тек.
„Ќе изгубиме најмалку шест месеци, а нашата намера е да останеме на овој пат, да продолжиме со поддршката на инвестициите, на враќањето на парите кон граѓаните со мерката поврат на ДДВ-то што треба да стартува – затоа е важно да добиеме датум. Ова ни треба сега, ова лето за да продолжат процесите. Но, до добрата вест од Брисел, сите опции се отворени“, рече премиерот Заев.