Илјадници жители на Венеција протестираа против впловување на крузери

Илјадници луѓе во Венеција протестираа денеска барајќи забрана за влез на големи бродови за крстарење во познатата лагуна во градот, една недела по несреќата меѓу крузер и туристички брод.

„Овие гигантски бродови мора да се отстранат од лагуната. Тие прават големи штети за екосистемот, а покрај тоа претставуваат и опасност за градот“, изјави Џанфранко Бетин, претседател на Маргера, една од општините во Венеција.

Протестниот марш беше организиран под паролата „No Grandi Navi“ (Без големи крузери), а истиот започна недалеку од местото каде во неделата луксузен патнички брод со 3.000 патници, при обидот да се закотви удри во туристичко бродче, при што четири лица беа полесно повредени.

Сликите од овој инцидент го обиколија светот и поттикнаа дебата околу опасностите кои крузерите ги претставуваат за туристичките градови, особено од еколошки аспект.

Треба да знаете
Последни објави