Му пречела апсолвентската забава на соседот, па им влегол во двор да се пресмета

Во скопската полиција, во попладневните часови на 7 јуни било пријавено дека во селото Марино дошло до инцидент за време на апсолвентска прослава.

Според пријавата, 22-годишник од селото во дворот на својата куќа организрал апсолвентска забава заедно со уште пет други лица.

Притоа неговиот 65-годишен сосед започнал вербална расправија, по што заедно со уште едно лице, влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на 22-годишникот и неговите гости поради наводно пуштање на гласна музика.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави