Регионална конференција за ретки болести во Струга

Здружението на пациенти за ретки болести „Живот со предизвици” по повод десетгодишнината од постоењето, од денеска до девети јуни организира три конференции во Струга.

Конференциите ќе се одржат во соработка со Одделот за генетско инженерство при МАНУ и здруженијата на пациенти од регионот.

– Учесници на овие конференции се пациенти, лекари, истражувачи, застапници на пациенти од Албанија, Србија, Хрватска, Северна Македонија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Чешка, Германија, Велика Британија, Словенија Црна Гора.., информираат организаторите.

Планирано е одржување и симпозиум за физиотерапевти, како паралелен настан, со гостинот предавач проф. д-р Марион Мејн од Германија, експерт за физиотерапија кај пациенти со мускулна дистрофија и спинална мускулна атрофија.

Треба да знаете
Последни објави