Речиси 550 ресторани и кафулиња затворени во Техеран поради непочитување „исламски морал”

Речиси 550 ресторани и кафулиња се затворени во Техеран поради непочитување на „исламски морал”. Тоа го соопшти полицијата во главниот град на Иран.

-Приведени се 11 лица, сопственици на такви локали. Затворени се вкупно 547 ресторанти и кафулиња, соопшти началникот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими.

Акциите биле извршени во изминатите 10 денови во операции против правила за реклами на интернет, незаконска музика и поттикнување разврат.

– Полицијата посетојано е будна за почитување на исламските правила и тоа е една од нејзините најважни мисии, рече генерал Рахими.

Треба да знаете
Последни објави