СДСМ: Мицкоски навива за неуспех на државата и чека награда од Груевски

Христијан Мицкоски заедно со неговите соработници Тања Каракамишева и Александар Николовски навиваат за неуспех на нашата татковина, велат од СДСМ како реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека нема да има датум за преговори со ЕУ, затоа што власта нема резултати.

Според владејачката партија, Република Северна Македонија чекори кон интеграција во ЕУ и полноправно членство во НАТО.

„Додека државата прави сериозни реформи кои се признаени и вреднувани и во најпозитивниот извештај на Европската комисија, Мицкоски веројатно чека награда од Никола Груевски, за посветената одбрана на неговиот криминал“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрица на деструкција, криминал и антидржавно однесување, но, како што се вели, нема да успеат да ја вратат државата назад во темното минато.

Треба да знаете
Последни објави