Учениците на ООУ „Партенија Зографски” од Кисела Вода на финалните натпревари во одбојка продолжуваат да собираат медали и пехари.
Во рамки на натпреварувањата на Федерацијата за училишен спорт, момчињата и девојчињата од 6 и 7 одделение во одбојка го освоија првото место на ниво на град Скопје.
За досегашните големи успеси на одбојкарските тимови на училиштето најзаслужен е наставникот по физичко воспитување, Мартин Мартиновски.