Церемонија за првата генерација дипломирани студенти на Универзитетот „Мајка Тереза”

Универзитетот „Мајка Тереза” денеска организира церемонија по повод дипломирањето на првата генерација студенти.

Најавени се обраќања на ректорот Азиз Положани, на претседателот на Собранието Таљат Џафери, на вицепремиерот Бујар Османи, на министерот за образование и наука Арбр Адеми, како и на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

-Церемонија претставува голем чекор за Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје затоа што од неговото основање во 2016 година ова е првата генерација која официјално ќе ги облече тогите и ќе ги фрли капите. Генерацијата 2016 – 2019 е првата која ќе исчекори во општеството исполнета со знаењето и искуството стекнатона УМТ, стои во најавата за настанот.

Според Универзитетот, бројката на студенти на факултетите за градежништво и архитектура, за информатички науки, за технички науки, за технолошки науки и за социјални науки од 2016-та кога се запишаа 218 студенти, се зголеми на 1.500, што значи дека интересот полека и сигурно се зголемува.

Треба да знаете
Последни објави