Албанската полиција на готовс: Затегнати мерки за безбедност во пресрет на најавените протести

Албанската полиција објави дека голем број припадници на безбедносните сили ќе бидат ангажирани поради опасност од можни напади врз државните институции за време на протестите од страна на опозицијата.

Покрај повеќе од 1.700 полицајци, ќе бидат ангажирани и припадници на Националната гарда, како и службеници од Драч и Елбасан, а припадниците на единицата „Шкипоњ“ ќе бидат распоредени во првиот полициски кордон пред зградата на владата, објавија албанските медиуми.

Зградата на албанската влада е опколена со метална ограда, поставени се надзорни камери со висока резолуција, а зад неа се распоредени единици за брза интервенција.

Не е исклучено дека денешните демонстрации, чиј почеток е најавен за околу 19 часот, ќе продолжат пред албанското собрание, каде што исто така ќе бидат распоредени голем број полициски сили, бидејќи на минатонеделниот протест на опозицијата токму таму имаше најголема тензија.

Треба да знаете
Последни објави