МИА:Во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ не стои датум за преговори со Македонија

Во нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ не стои датум за преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел .Во истите ЕУ признава дека Македонија ги исполнила условите за почеток на преговори. Земјите членки на ЕУ ги набројуваат во детали исполнетите услови поставени минатата година, како што се реформите во судството, во разузнавачките служби, јавната администрација и борбата против корупцијата. Овие нацрт-заклучоци, кои треба да бидат разгледувани и на експертско, амбасадорско и министерско ниво, не се конечни, но засега шансите за консензус помеѓу земјите членки за одредување датум за преговори се минимални.

Уште еднаш ги поздравуваат билатералните договори со Бугарија и Грција, и нагласуваат дека Преспанскиот е „пример за другите во регионот“.

„Она што најверојатно може да се очекува засега е јунскиот министерски совет да заклучи дека ќе се наврати на прашањето за датумот со Албанија и Македонија во јули„, пишува дописничката, повикувајќи се на дипломатски извори.

Треба да знаете
Последни објави