Поранешниот британски министер за надворешни работи и сегашен кандидат за премиер на таа земја Борис Џонсон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, при неодамнешната посета на Лондон, се обидел со него да разговара телефонски, но тој помислил дека е шега и ја прекинал врската.
Са „Сандеј тајмс” Џонсон вели дека примил повик од некој кој тврдел дека повикува од централата на Даунинг стрит.
– Таа личност имаше благ ирски акцент и рече дека повикува од централата број 10 и оти сака да ме спои со американскиот претседател, кој сакал да разговара со мене. Таа ми рече дека ќе ме поврзе со Собата за ситуации (позната како Конференциска соба Џон Кендеи) во Белата куќа. Јас, размислувајќи брзо, како и вообичаено, и реков: До сите ваши слушатели на Радио Килкени – ни за момент не ме измамивте, појасни Џонсон.
Потоа Џонсон ја прекинал врската и ја повикал централата број 10, каде му било кажано дека тоа бил американскиот претседател.
На крајот, Џонсон и Трамп разговарале, при што американскиот претседател покажал заинтересираност за „интензивирање на економската соработка”, како и интерес за склучување договор за слободна трговија. Весникот посочува дека Трамп сакал и состанок со Џонсон, но поранешниот британски министер морал да го одбие, бидејќи се подготвувал за кампања за лидер на Конзервативната партија.