Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф денеска изјави дека Европа не е во позиција да го критикува Техеран за воените капацитети и ги повика европските лидери да ги нормализираат трговските врски со Исламската Република, и покрај американските санкции или ќе се соочат со последиците.
Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, којшто светските сили потпишаа во 2015 година, и повторно воведе сеопфатни санкции.
Франција, Велика Британија и Германија ја споделуваат американската загриженост за развојот на балистичките проектили и активностите во регионот, но застанаа во одбрана на Договорот, како најдобар начин за ограничување на иранската програма за збогатување ураниум, што претставува потенцијален пат кон развој на нуклеарно оружје.
– Европејците и дриугите потписници на нуклеарниот договор би требало да ги нормализираат економските врски со Иран…Ќе престанеме да ги исполнуваме обврските или ќе преземеме акции соодветни на нивните мерки, потенцираше Зариф.