Круемади негира дека влијаела врз одлуката на Мета да ги одложи изборите

Моника Круемади, лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција и сопруга на албанскиот претседател Илир Мета, негира дека влијаела врз одлуката тој да ги одложи локалните избори.

– Јас немам никакво влијаније врз тоа, бидејќи откако пред две недели отидов на операција во Италија воопшто не сме се сретнале. Дури не ме има прашано ни како сум,изјави Круемади.

Таа оценува дека не е важно дали изборите ќе се одржат или не и оти премиерот Еди Рама мора да замине, бидејќи е избран од организираниот криминал.Најавува дека протестите ќе продолжат и оти нема дијалог се додека тој е премиер.

-Мнозинството Албанци се против неговите дискриминаторски политики. Повеќе не може да ги заплашува Албанците ниту со политика, ниту со визи, ни со затвори, со ништо. Му кажувам на Рама дека е и татко, родителот за своите деца го жртвува и својот живот. Албанците немаат проблем за ништо. На Албанците треба да им се даде нова алтернатива,рече Круемади.

Сепак констатира дека кризата на крај ќе се реши.

Инаку, претседателот Мета синоќа кусо пред почетокот на протестот на обединетата опозиција соопшти дека го поништува указот со кој изборите ги закажа за 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави