Лалчевска: Зборот важи, економијата порасна за 4.1 процент

Зборот важи, економијата порасна за 4.1 процент а невработеноста е на историски најниски 17.8 проценти од независноста до денес, изјави Татјана Лалчевска, пратеничка на СДСМ и коалицијата.

Овие два економски показатели ја докажува исправноста и успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

За период од безмалку две години, невработеноста е намалена за 4,8 отсто. Во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.

Она што особено радува е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население и кај нив невработеноста во овој период е намалена за околу 10 отсто.

Со извесното членство во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ и градењето силна и развојна економија, очекувано е стапката на невработеност дополнително да се намали во следниот период.

Остануваме посветени на создавање услови за економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард.

 

Треба да знаете
Последни објави