Во иницијативата за изработка на нов Детален урбанистички план во реонот на единствениот парк во општина Ѓорче Петров покрај висококатницата која ќе никне, градоначалникот Александар Наумоски предвидел и деловни објекти од кои еден таков објект ќе се најде на имот во негова сопственост, изјави Бојан Стојаноски, Претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.
Го повикуваме Наумоски да одговори дали свесно за да прибави лична корист, ја усвои ова иницијатива за овој план со цел на неговиот имот да може да подигне деловен објект и од истиот да оствари лична материјална корист?
Ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на овој процес со цел лично богатење.
Повеќе од две години Александар Наумоски и локалната самоуправа предводена од СДСМ ја имаат киднапирано општината со цел стекнување на лична материјална корист, нема развојни урбанистички планови кои ги решаваат проблемите на граѓаните, нема проекти и мерки за подобрување на квалитетот на животот на Ѓорчепетровчани, ниту еден од ветените проекти не е реализиран, а сведоци сме на расипничкото трошење по кафеани, партиски вработувања, нови луксузни автомобили и покачување на сопствените плати.
Нашите сограѓани од Ѓорче Петров не заслужуваат ваква локална власт и затоа на наредните избори силно ќе го поразат Наумоски и СДСМ.