Возач на скутер бил тешко повреден при судир со автомобил, вчера во Гостивар. Според полицијата, сообраќаката се случила во 12.10 часот на крстосницата од улиците Бранко Станоевиќ и Павле Аврамоски.
Џип „туран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Ф.(62) од Гостивар, се судрил со скутер „јонвај“ управувано од В.Г.(57) од Гостивар.
Возачот на скутерот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.