Соединетите Американски Држави се обидуваат да ги влошат односите помеѓу Русија и Кина и веќе преземаат сѐ што можат во таа насока, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работа, Марија Захарова.
„САД ќе дадат сѐ од себе за да ги разнишаат односите помеѓу Москва и Пекинг. Таквите планови и програми веќе се забележуваат“, изјави таа во интервју за „Русија 1“.
Новинската агенција „ТАСС“ потсетува на изјавата на кинескиот лидер, Си Џинпинг за време на неговата последна посета во Москва дека односите помеѓу Русија и Кина се на најдобро ниво.