Трансферот на Матаис де Лихт во Ливерпул се чини малку веројатен. Една од главните причини за ова е што неговата имплементација би значело нарушување на тековната финансиска структура во тимот.
Не е тајна за никого дека агентот на ѕвездата од Ајакс – Мино Рајола, се обидува да извлече апсолутен максимум за својот клиент од битката меѓу 6 европски гиганти, меѓу кои спаѓа и актуелниот шампион на Европа. Според некои изданија, Рајола го смета „Енфилд”за совршена дестинација пред 19-годишниот дефанзивец, уште повеќе што тоа би ги собрало Де Лихт со Вирџил ван Дајк. Во моментов, овие двајца се главната дефанзивна двојка за Холандија.
Проблемот за Ливерпул е дека желбата на Рајола оди и со конкретно барање – младиот Холанѓанец да стане највисокоплатениот фудбалер во целата историја на клубот. Ова го покажуваат споредбите, ако се испочитуваат личните услови, што му ги нудат на играчот Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен. „Црвените Ѓаволи” се подготвени да платат 236.000 фунти неделно, додека ПСЖ го зголемува уделот на 256.000.
Во Ливерпул, во моментот, највисоката плата е онаа на Мохамед Салах – 200.000 фунти неделно. Ван Дајк собира 150 илјади неделно. Ако Ливерпул одлучи да му плати повеќе на Де Лихт само за да го привлече, тогаш ќе треба да се разгледаат и да се подобрат личните услови на двајцата играчи кои имаа клучни улоги за триумфот во Лигата на шампионите. Ваквиот потег не добива согласност од сопствениците од „Фенвеј Спортс Груп”, кои требаа да се справат со тешкото финансиско наследство, по аквизицијата на клубот од претходните сопственици Том Хикс и Џорџ Џилет во 2010 година. Оттогаш, Џон Хенри и неговите соработници наметнаа строга финансиска дисциплина.
Меѓу другото, „Енфилд” исто така го зема предвид фактот дека тие имаат ветувачка опција за долгогодишен партнер на Ван Дајк во Џо Гомез. Англискиот репрезентативец има само 22 години и во првата половина од сезоната 2018/2019 беше постојан стартер, се до добивањето на фрактура на ногата.