Стојаноски: Институциите да отворат истрага дали градоначалникот Наумоски влијаел во изработката на новиот урбанистички план во Ѓорче

Во иницијативата за изработка на нов Детален урбанистички план во реонот на единствениот парк во општина Ѓорче Петров покрај висококатницата која ќе никне, градоначалникот Александар Наумоски предвидел и деловни објекти од кои еден таков објект ќе се најде на имот во негова сопственост, изјави Бојан Стојаноски, Претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме Наумоски да одговори дали свесно за да прибави лична корист, ја усвои ова иницијатива за овој план со цел на неговиот имот да може да подигне деловен објект и од истиот да оствари лична материјална корист?

Ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на овој процес со цел лично богатење.

Повеќе од две години Александар Наумоски и локалната самоуправа предводена од СДСМ ја имаат киднапирано општината со цел стекнување на лична материјална корист, нема развојни урбанистички планови кои ги решаваат проблемите на граѓаните, нема проекти и мерки за подобрување на квалитетот на животот на Ѓорчепетровчани, ниту еден од ветените проекти не е реализиран, а сведоци сме на расипничкото трошење по кафеани, партиски вработувања, нови луксузни автомобили и покачување на сопствените плати.

Нашите сограѓани од Ѓорче Петров не заслужуваат ваква локална власт и затоа на наредните избори силно ќе го поразат Наумоски и СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави