Косовскиот претседател, Хашим Тачи напиша на својот профил на „Твитер“ дека на денешен ден пред 20 години, српските генерали се предале пред НАТО и тоа значело крај на геноцидот и слобода за Косово.
„Тоа значеше крај на геноцидот, слобода за Косово и победа на човековите права над сите други. Патот беше болен, но горд во обнова на нашата земја и нашето општество. За светот тоа беше победа на човековите права над сите кршења во минатите векови“, напиша Тачи на социјалната мрежа.