Четири лица загинаа во саботата при пад на мал авион кој се урна во Северна Каролина, објави тамошната полиција.
Загинале сите четири лица кои биле во леталото. Авионот летал кон градот Истион во Мериленд кога се урнал во областа Неш, пренесува „Танјуг“.
Други детали за несреќата во овој момент не се познати.