Едрилица од 19 век, која неодамна била реставрирана, потона по судир со товарен брод, пришто повредени се пет лица.
Несреќата се случи на реката Елба во близина на Хамбург.
Како што се наведува, дрвениот брод бил направен во 1883 година и е последен од овој период.
„Ако не бевме во близина, можеби ќе беа загубени и животи“, изјавија претставници од противпожарната служба за германските медиуми.
Едрилицата била изнајмувана за кратки патувања, а полицијата не ги објасни причините за судирот.
Товарниот брод пловел под кипарско знаме, а по несреќата продолжил со пловидбата. Полицијата во моментов спроведува истрага по него.