Денес во 15:45, од страна на СВР Охрид, беше алармиран оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, со информација дека на територија од НП Галичица, изгубено е повозрасно женско лице, жител на општина Струга, кое заедно со свој близок роднина, во околината на врвот Лако Сигној, собирале шумски плодови.
Двете лица се разделиле и подолго од 5 часа, не можеле да воспостават меѓусебен контакт, по што едниот побарал помош од СВР Охрид.
Оперативниот центар на ПСС, веднаш мобилизира осум свои припадници и со две возила се упати на терен, а беше воспоставена и координација со граничната полиција од граничниот премин во Св. Наум. За среќа, кратко по тргнувањето од центарот, тимовите беа известени дека лицата воспоставиле меѓусебен контакт и потрагата беше прекината.
https://www.facebook.com/OhridMountainRescue/posts/2256470104441894?__xts__%5B0%5D=68.ARASDUG5LdvDRj9kW9IfHEUFDsSVWh46DNwTXjmXZ2ahWULIcr1veghwKrbY1-wB71BGwJJDk4koi5PN_JbAlauzdrMxMNDbG7QO7UyJ5b9WKYzF2pSu1Rzg27Dl5t4RhAfcz33IWUqR5gfDvClpjcigH_zohtgD94j2_gmUAKZc0vJ0pmTNsDPV9Vl1OtU8t5ObSN9ty16W0W1Fhs_uu4UlnQtoZZoAnwWop5w78UGFwrQf_wlE2X0ZD_5AuA_iTShBXPHQQc14IcJ1ylWG8JV2pGtN1VtTbKUFDegDjMcZ_n8bx_xZWZZ0_-9vPa3X9szz42IKwt7ODeVxjsdPLA&__tn__=-R
Планинската Спасителна Служба, апелира до граѓаните, особено до собирачите на шумски плодови, да се движат строго на познати територии, да превземаат мерки за заштита од надворешни влијанија соодветно со условите на теренот и метеоролошките услови, како и да се движат во групи од најмалку две лица, бидејќи во случај на било каква незгода, најефективна е помошта која можат да им ја укажат нивните пријатели од групата, а многу подоцна ќе пристигне помошта од спасителите тимови.