Фрчковски: Зборот важи, започнува проектот „Еворпска младинска картичка“ со поволности за младите

Зборот важи, започнува проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите, и кој ги доближува младите до европските услови и вредности, изјави Јон Фрчкоски, потпретседател на СДММ.

Во тек е процесот за аплицирање за проектот. Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка.

Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување. Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги.

Истовремено, траат преговори со уште стотици други правни субјекти на територијата на целата држава.

„Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој.

Младите се наш приоритет, тоа го покажавме преку создавање на кавлитетни младински политики. Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување.

Активните младински политики досега придонесоа за нешто помалку од две години, стпаката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсо.

Не застануваме тука. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите, со цел тие да останат тука и тука да градат иднина.

Треба да знаете
Последни објави