Кина соопшти дека ќе продолжи да ја поддржува владата на Хонг Конг за усвојувањето на законот за испорачување, додека повеќе од милион луѓе протестираа поради овој закон според кој осомничените ќе можат да бидат испратени на судење во матичната земја, Кина.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, изјави на прес-конференција дека Пекинг го поддржува законот за екстрадиција, пренесе новинската агенција „Ројтерс“.
Претседателката на владата на Хонг Конг, Кери Лам, претходно денеска најави дека процедурата за усвојување на предлогот на овој закон за екстрадиција ќе продожи. Таа нагласи дека во спорниот закон ќе биде вграден заштитен механизам со цел човековите права да бидат заштитени.