Почнува кампањата за наследник на Тереза Меј

Неколку главни кандидати за нов премиер на Велика Британија денеска ја почнаа изборната трка, пренесе „Ројтерс“.

Британија го очекува новиот лидер откако Тереза Меј поднесе оставка на местото претседател на Конзервативната партија, а со самото тоа ја напушта и премиерската фотеља бидејќи не успеа да ја извади земјата од Европската Унија во рокот којшто истече во март.

Нејзиниот наследник го очекува најдлабоката политичка во криза во изминатите децении, а централните прашања се кога, како и дали Британија треба да ја напушти ЕУ.

Изборите за наследниот на Меј ќе влијаат на улогата на Велика Британија на светската сцена и нејзииот просперитет за генерациите кои доажаат, наведе „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави