Прв состанок на работната група за подготовка на стратегија за транспарентност

Во Владата денеска се одржа прв состанок на работната група за подготовка на Стратегија за транспарентност, на кој Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис”, Фондацијата Отворено општество – Македонија, и министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски потпишаа меморандум за соработка за  поддршка за креирање и имплементација на стратегијата.

Како што соопшти „Метаморфозис”, на состанокот посочиле дека  според резултатите од Регионалниот индекс за отвореност за Северна Македонија (opennessindex.actionsee.org – дел од регионален проект на Фондацијата Метаморфозис поддржан од ЕУ) постојат многу значителни разлики помеѓу институциите во врска со нивната отвореност и транспарентност што се должи на фактот дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите и од другите раководни лица.

– Поради тоа, се јавува потребата за системски пристап за изнаоѓање решение кое нема само да се фокусира на идентификување и реплицирање на добрите практики, туку и на целосниот процес и можностите кои ги има Република Северна Македонија, истакна на состанокот Филип Стојановски, директор за партнерства и развој на ресурси на „Метаморфозис”.

Треба да знаете
Последни објави