Повеќе од 256.000 бегалци се вратиле во Сирија преку границата со Либан и со Јордан, изјави шефот на рускиот Центар за управување со националната одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, пренесува ТАСС.
„Заедничкото континуирано работење на сириската влада и претставници на Либан и Јордан носи стабилни позитивни резултати за враќањето на граѓаните во земјата. Благодарение на координираните напори, од денес, повеќе од 256.000 граѓани на Сирија се вратија дома преку контролните пунктови на сириско-јорданската граница и сириско-либанската граница “, рече Мизинцев .
Мизинцев истакна дека со сегашната стапка, околу 2.000 луѓе дневно се враќаат во Сирија.