Државниот секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахија бил приведен од работното место под сомневање дека зел поткуп, дознава 24 Инфо. Заедно со него е приведено и друго лице во МИОА. Полицијата во моментов врши претреси.
Од МВР засега нема информации за случајот.
Според очевидци, полицијата утрово дошла во зградата на МИОА.
(Д.В.)