Католички свештеник кој беше нападнат пред црквата Света Марија во Варшава, во Полска, е хоспитализиран со тешки повреди. Напаѓачот му пришол на свештеникот пред градската црква и го избол со нож, пренесе агенцијата АП.
Свештеникот е опериран поради убодни рани во пределот на градниот кош и се наоѓа во стабилна состојба.
Напаѓачот е притворен, а причината за нападот се уште не е утврдена.