Српскиот Парламент престанува со праксата на усвојување закони по итна постапка

Српскиот парламент во следниот период ќе престане со праксата законите да се усвојуваат по итна постапка, поради што отсуствува суштинска полемика за нив. Исто така, кога буџетот ќе дојде на дневен ред, времето за дискусија ќе се удвои.

Весникот „Вечерње Новости” објави дека ќе биде изменета зачестената слика од седниците во изминатите години кога закони се донесуваа со назнака „итно”, а пратеницитенемаа време да ги прочитаат и и проучат.

Забелешките за начинот на кој се усвојуваат закони се најдоа во извештајот на ЕК. Во Брисел сметаат дека малку време се посветувало на расправа за закони, нагласува весникот. Исто така, Брисел забележува што на документ на Влада, најголем број амандмани предлага власта, а пред гласањето се откажува од нив.

Треба да знаете
Последни објави