Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне, особено во планинските региони, ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер. Вредноста на УВ-индексто ќе биде 9.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.
Во наредните денови ќе продолжи период на топло време, а најтопло ќе биде од четврток до недела. До средината на неделата, претежно во попладневните часови, понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.