Физичка пресметка меѓу двајца советници на седница во Општина Охрид

Движењето Беса објави дека нејзин советник бил физички нападнат од советник од ДУИ на денешната седница на Советот на Општина Охрид.

„На многу срамно и екстремно ниско ниво советникот од Беса во Општина Охрид, Џемал Мена, е физички нападнат од советник на ДУИ. Движењето Беса остро го осудува нападот врз нашиот советник, кој се бори и ги брани правата на охридските Албанци, а беше нападнат токму за време на седницата на општинскиот Совет на Охрид“, реагираат од Беса.

Од таму соопштија дека случајот е пријавен во полицијата и дека ќе бидат известени сите странски амбасади.

„Очекуваме дека ова ќе добие вистински епилог. Исто така, Движењето Беса ги повикува сите надлежни органи сериозно да го осудат нападот врз партискиот функционер и претставник на граѓаните на Охрид“, велат од Беса.

Треба да знаете
Последни објави