Фолк пејачката Ирена Спасовска и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевски долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, и веста за нивниот прекин ја изненади јавноста. Орце вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило, и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.
-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше.
Ова ми беше животна лекција која скапо ја платив, но продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема.
Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција.