Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, чија администрација ја водеше воената интервенција на НАТО врз СРЈ, ќе пристигне в среда во Приштина, по повод 20-годишнината од влегувањето на НАТО на територијата на Косово. Ова беше објавено денеска од страна на организацискиот одбор за одбележување на овој датум.
Клинтон се очекува да им се обрати на пратениците во косовскиот парламент.
Тоа ќе биде четврти престој на Бил Клинтон во Приштина, а во знак на благодарност институции во Приштина, на почетокот од ноември 2009 година, открија споменик на овој поранешен американски претседател.
Вчера беше соопштено дека на прославата ќе присуствува и поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави Медлин Олбрајт.