Поранешниот претеседател на САД, Бил Клинтон и државната секретарка во неговиот втор мандат, Медлин Олбрајт, ќе присуствуваат на одбележувањето на свеченоста од 20-годишнината од влезот на силите на НАТО во Косово, сооштија од организациониот одбор на овој настан.
Како што е предвидено, во среда на 12 јуни, Клинтон и Олбрајт ќе одржат говор на главната манифестација во центарот на Приштина.
Оргазнизаторите наведуваат дека Косово ја одбележува оваа годишнина со пријателите и сојузниците, со кои ги споделува демократските вредности.
Силите на НАТО навлегоа на Косово на 12 јуни 1999 година, по воздушната кампања на НАТО, над Југославија, која траеше 78 дена. Во тоа време претседател на САД беше Бил Клинтон.