Калифорнија ќе биде првата американска држава што ќе плаќа целосно здравствено осигурување за возрасни што живеат нелегално во САД.
Либералната држава продолжува да се разграничува од потези на владата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Демократите во законодавниот дом во Калифорнија постигнаа таков договор како дел од поголемиот план за расходи од 213 милијарди американски долари од државни и федерални даноци во следната година.
Договорот значи дека лицата со ниски примања на возраст помеѓу 19 и 25 години кои живеат нелегално во Калифорнија ќе имаат право да користат бенефити од програмата за здравствено осигурување за сиромашните и за лицата со посебни потреби.